Нема предавање: Првиот човек на Вардар најави офанзива против одлуката на ЕХФ за исфрлање од ЛШ

Специјализираниот сајт за ракомет, „Балкан Хендбол“, објави дека ЕХФ е пред конечна одлука за исфрлање на РК Вардар од Лигата на шампиони.

На таквите најави, првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, во интервју за дневниот весник „Слободен печат“, најави дека ништо не е официјално и дека ќе се оди на суд ако се донесе непопуларна одлука.

Европската куќа на ракометот не сака да му даде дозвола на Вардар да учествува во ЛШ сезонава, пред се поради претходните долгови на клубот, кои се направени од старото раководство, кои до ден денес не се расчитени.

Јас сум во Келн, а ЕХФ таа одлука ја донеле во петокот, предлог-заклучок. Јас ќе имам разговор со господинот Видерер. Најверојатно ќе одиме по судови. Ние денеска ќе им го напишеме тоа. Тоа е заради долговите од претходното раководство. Ова не е конечно. Ќе видиме“, порача Михајловски за „слободен печат“.