Нема повеќе ротации во ПСЖ – Голманот на „светците“ оди кај Елмас во Неапол?

Нема да има повеќе ротации на голот на ПСЖ, како што известуваат медиумите во Франција вечерва, трансферот на Кејлор Навас треба да се реализира.

Овој голман треба да биде резерва, бидејки Донарума ќе биде прв голман, па решил да го напушти Париз и да си најде нова дестинација.

Се верува дека тој е блиску до трансфер во Наполи кај Елиф Елмас, клуб во кој ќе се обиде да ја ревитализира својата кариера.

Како што пишува Лекип, трансферот е скоро готов, голманот се согласил на тој чекор и сега мора да се чека на финиш на преговорите.

Се веруваше до пред некој ден дека Аризабалага ќе го преземе местото во Наполи, но ова е последна вест, дека всушност Кејлор Навас ќе биде нов голман на ПСЖ.