Нема крај на проблемите на Белгиецот: Азар не е подготвен за стартот на ЕП

Белгија е еден од фаворитите за титулата на Европското првенство, но селекцијата се соочува со низа проблеми пред почетокот.

Првиот меч, против Русија ќе го пропушти Кевин де Брујне, а нема да игра ниту Еден Азар кој веќе две години се мачи со повреди. Тој им призна на домашните новинари дека не се чувствува подготвен за стартот.

„На последната контрола против Хрватска можев да играм само десет минути. На тренинзи сум едвај една недела. Ќе зборувам со лекарскиот тим, докторите ќе одлучат дали ќе играм“, изјави Азар.

И покрај евентуалното неиграње на фудбалерот на Реал, Белгија има реални шанси да ја помине групата бидејќи за противници ги има Русија, Данска и дебитантот Финска. За потоа веројатно и Де Брујне и Азар ќе бидат подготвени.