Нема иднина за Јовиќ во Реал: Србинот пред преселба кај поранешниот тренер

Лука Јовиќ летово се врати во Мадрид во надеж дека ќе успее да го убеди Карло Анчелоти да му даде шанса во тимот по очајните две сезони во кои добиваше шанса „на лажичка“ кај Зинедин Зидан.

Не успеа во својата намера, па се чини дека му претстои нова преселба со тоа што не се знае дали неговиот договор ќе биде откупен или ќе оди на позајмица. Нема шанси некој за него да плати 60 милиони евра и затоа неколку клубови се интересираат да го донесат како позајмен играч. Прво во игра беше Милан, потоа Интер, а сега е Монако чиј тренер е Нико Ковач, истиот оној кај кого блескаше во дресот на Ајнтрахт во Бундеслигата.

Со него во составот, Монако и Ковач планираат да ја нападнат титулата во француското првенство иако е јасно дека нема да биде лесно бидејќи си замина Стеван Јоветиќ.