Работнички со пораз го почна турнирот Плевен Куп што се одржува во организација на бугарскиот прволигаш Спартак.
Во полуфиналето, скопската екипа загуби од шампионот на Бугарија, Балкан Ботевград со 83-86 иако малку недостасувало да дојде до победата. На полувреме, Работнички водел со 33-32, Балкан подоцна направил висока предност, но нашиот тим повторно со пресврт, благодарение на Де Коузи дошол до водство на околу пет минути пред крајот. Поените во серија на неколку играчи на Балкан го однеле овој тим до победата.
Квинтон де Коузи бил најефикасен во тимот на Работнички со 22 поена, новото засилување Димитрик Трајс додал 20 поени, 11 асистенции и 7 скока, а Ѓорѓе Џелетовиќ постигнал 12 поени.
Утре, во мечот за третото место, Работнички ќе се сретне со тимот на Чачак кој во дуелот со домаќинот загуби со 66-77.