Нема да дочека да го види Белград: Новиот кошаркар на Партизан фатен со дрога

Партизан иако речиси ја оформи целата екипа за новата сезона се соочува со проблеми. Имено едно од засилувањата кои летово пристигнаа во редовите на „црно-белите“ заврши зад решетки.

Американецот Рашон Томас во својата татковина изминатата ноќ бил уапсен поради поседување дрога. Како што пренесуваат тамошаните медиуми, Томас бил фатен откако во во неговиот автомобил биле пронајдени недозволиви супстанци.

Во возилото на кошаркарот биле пронајдени неколку апчиња – екстази, 3.5 грама марихуана, како и две епрувети со масло од хашиш.

Поради ова на Американецт му се заканува казна затвор и до 10 години која секако би значаела крај за неговата кариера.