Некогашната тенисерка: Најдобро е Ѓоковиќ да си оди дома!

Некогашната тенисерка Мартина Навратилова, за дел од австралиските ТВ куќи, остро зборуваше за ситуацијата на Ѓоковиќ.

Таа истакна дека многу се грешело во овој случај, но дека поентата е дека Ѓоковиќ имаше јасен избор пред себе. Да се вакцинира или да се откаже од Австралија Опен.

Јас го одбранив повеќе пати, дури и ме напаѓаа поради него, ми рекоа дека тоа била славонофобија, но дефинитивно не е фер кога се работи за поддршка на Роџер и Рафа. Тој требаше да се вакцинира, за негово и сеопшто добро на тимот“.

„Но она што беше најдобро и што требаше да се случи е дека Ѓоковиќ требаше да си замине дома, но не верувам дека тоа ќе го направи. Најголемата грешка е што тој се фотографирал за Лекип, а притоа знаел дека е позитивен, тоа некако ми нема смисла. Да оди на интервју, за да не разочара некого, па јас да бев позитивна, за ништо на свет не би излегла од дома“, истакна Навратилова.