Некогаш го чуваше Роналдо, а денеска работи трета смена во лондонска фирма

Роби Рајан се уште има кошмари по мечот од ФА Купот кои го прогонуваат.

Тоа беше најголемиот натпревар во историјата на Милвол. Финалето од 2004. година, во кое Денис Вајс побара од Рајан да го чува тогаш талентираниот Кристијано Роналдо.

“Можев да го завршам уште во првите три или четири минути. Топката беше малку над земјата, а јас можев да го изнесам и него и топката од теренот. Зборуваме за натпревар одигран пред 15 години, така што тогаш можев да го направам тоа”, започна Рајан, а потоа продолжи:

“Луѓето се уште ме прашуваат дали навистина сум го чувал Роналдо. Мојот одговор е секогаш нешто како – Па, се обидов”.

Роналдо тогаш постигна еден од двата погодоци во победата против Милвол. Сепак, по 15 години од тој натпревар Рајан работи ноќни смени во една фирма, па се уште има кошмари потсетувајќи се на тој натпревар.

Тогаш на врата дури ми доаѓаа и луѓе од порно канали. Сакаа да ми платат 10 илјади фунти за да стават некаква реклама на мојот дрес. Нешто поврзано со моето име, но клубот не го дозволи тоа”, вели Рајан.

По ова, тој заврши во Бристол, а начинот на кој е остварен трансферот е навистина чуден.

Вистина е. Синот на еден од скаутите играше Чемпионшип Менаџер и видел дека мојот договор истекува на крајот од сезоната. Тој потоа му се јавил на тренерот и така се преселив таму. Ако не ме приметеше тоа дете, којзнае дали ќе ја продолжев кариерата”, заврши Рајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резултатите денеска во Серија А не ветуваат ништо добро за Џенова и Горан Пандев

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години