Некогаш 12 годишниот Алкараз открива кој му е најголем идол во тенисот

Младиот Карлос Алкараз го импресионира тенискиот свет во секоја смисла на зборот по неколкуте одлични турнири и натпревари во кои ги доби Надал и Ѓоковиќ, но и добар дел од другите добро пласирани тенисери.

Интересно е тоа што деновиве се појави интервју дадека од страна на Алкараз, кога има 12 години, односно некаде во 2015 година, каде го прашуваат кој тенисер му е идол.

Алкараз исто така рекол дека омилен турнир му е Ролан Гарос и дека професионалните планови му се да го освои Париз и Вимблдон, а за идол рече дека му е Роже Федерер.

Алкараз оваа сезона веќе освои четири титули, Барселона, Рио, Мајами и Мадрид, сега е шестопласиран на АТП листата.