Нејмар со сите сили се обидува да избега од ПСЖ – најде уште еден начин

Иако е еден од најбогатите клубови во Европа, и ПСЖ ги чувствува последиците од корона кризата, па на своите фудбалери им предложил намалување на платите за идната сезона за 70%.

Сите се согласиле на тоа, освен Нејмар кој не сакал да слушне. Француските медиуми тврдат дека тоа е уште еден негов начин да се обиде да издејствува враќање во Барселона по тригодишната одисеја во Париз. Бразилецот има најскап договор и сигурно ќе претставува голем товар за „светците“ откако Лига 1 одлучи да го прекине првенството, а со тоа и да им скрати на клубовите од средствата за телевизиски права.

На оваа одлука на Нејмар се побунија навивачите и ПСЖ веројатно нема да има друг избор освен да го продаде во текот на летото.