Нејмар со последниот потег во Бразил го нарекуваат „светец“, но и игра за „светците“

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар да Силва, покажа уште еднаш колку знае да биде приврзан кон друг слој на луѓе, односно хуман.

Бразилецот претходно основаше институт кој го носи неговото име. Таму се грижат за околу 3000 деца, но Нејмар привремено поради пандемијата во март 2020 година за кратко затворил.

Сепак, нешто подоцна, тој го отворил повторно, бидејки не сакал многу луѓе да страдаат во овие кризни времиња и експресно потоа ги вратил сите на работа под истите услови како и пред пандемијата.

„Сите работни места се обезбедени, работниците редовно примаат плата и така ќе биде без оглед колку ќе трае пандемијата, средствата ги обезбедува син ми“, порачал таткото на Нејмар.