Нејмар си заминува од ПСЖ и се враќа „дома“

Кога Бразилецот Нејмар во 2017 година премина од Барселона во Пари Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра во еден од најспектакуларните трансфери на сите времиња, многумина мислеа дека тој ќе биде најголемата ѕвезда во светскиот фудбал и ќе го донесе во Париз толку посакуваниот трофеј наменет за европскиот првак.

Пет години подоцна, бразилскиот фудбалер е на излезната врата од „Паркот на принцовите“ откако тимот и годинава не ги следеше огромните вложувања на Насер Ал-Келаифи. Парижаните уште еднаш застанаа во нокаут фазата од Лигата на шампионите, откако Реал Мадрид ги исфрли во осминафиналето.

Нејмар беше прогласен за еден од најголемите виновници за неуспехот, кога многумина го сметаат за „токсичен“ за тимот поради неговиот карактер и неангажман.

Неодамна сопственикот на „Светците“, Ал-Келаифи јавно изјави дека клубот е подготвен да го продаде 30-годишниот фудбалер доколку ја добие вистинската понуда, а се вели дека Јувентус прв се јавил, сепак, нов денеска пристигнуваат информации од Бразил.

Според медиумите во татковината на Нејмар, Бразилецот и бил понуден на Барселона за 50 милиони евра!

Нејмар своите најдобри денови ги помина во Каталонија, кога заедно со Меси и Суарез ја формираше смртоносната тројка „МСН“ која ги пустошеше Шпанија и Европа. Со него Барса стана европски првак во 2015 година и истата година ја освои Примера, а следната година и уште една.

Се верува дека Нејмар не бил пресреќен ниту во Париз, па враќањето во Барса може да му биде пријатно. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата.