Нејмар се врати, ама ПСЖ има нова ѕвезда

Најскапиот фудбалер во светот Нејмар повеќе не е најголема ѕвезда во екипата на ПСЖ иако „светците“ за него потрошија 222 милиона евра.

Тој статус сега го нема ни Килијан Мбапе, туку Мауро Икарди кој блеска во дресот на новиот клуб. ПСЖ вечерва го победи Лил со 2-0 и се загреа за дербито против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Аргентинецот го постигна својот десетти гол во 11. настап, сметајќи ги сите натпреварувања.

Иако на почетокот не беше стандарден, а и малку подоцна пристигна во Париз, тој е веќе на делба на првото место на листата на стрелци во ПСЖ кога станува збор за Ла Лига со шест погодоци. Исто толку има и Ди Марија, Мбапе е на еден помалку, а Нејмар стигна до четири.