Нејмар објави како изгледа неговото стапало: Не ветува дека ќе биде фит за нокаут фазата

Бразилецот Нејмар на Инстаграм објави фотографија од неговиот повреден зглоб, кој изгледа уште полошо од пред два дена.

Тој поради повреда мораше да го напушти теренот на мечот против Србија, кој Бразил го доби со 2:0, но сега во следните два меча, оваа репрезентација ќе игра без Нејмар.

Со таквата ситуација на неговиот зглоб, прашање ќе биде дали Нејмар ќе биде подготвен и за нокаут фазата, за што Тите тврди дека тоа ќе се случи, дека Нејмар ќе биде здрав.

Да потсетиме, Нејмар заработи повреда и во 2014 кога не успеа да му помогне на Бразил за да ја освојат долго чеканата титула.

Во следно коло Бразил игра против Швајцарија.