Нејмар: Голема лага!

Бразилецот Нејмар ги негира сите обвинувања дека имал голем инцидент со тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус.

Познатиот шпански весник „Мундо Депортиво“, објави дека бразилскиот ас ги надминал своите овластувања по киксот против аутсајдерот 1:1, па по мечот жестоко се расправал со тренерот, на работ на физичка пресметка.

Се пишуваше дека наводно Нејмар побарал од челниците на клубот да дојде до промена на тренерот, што очигледно не било вистина, барем така тврди Нејмар.

Голема лага, мора да престанете да верувате во вакви информации. Со милиони следбеници не може да објавувате вакви лажни вести. Со цела почиит на светот, ве молам да престанете, ова е големо потценување кон мене“, порача Нејмар до медиумите.

Тој од неодамна е играч на овој клуб, а очигледно оваа приказна има две страни, па фановите не знаат во што да веруваат.