За време на тренингот на Бразил во средата, Нејмар се здоби со мала исекотина на десното колено, што ги загрижи лекарите на неговата репрезентација.
На крајот се покажа дека резот не е од сериозен карактер и дека Нејмар ќе може да настапи на пријателскиот натпревар што утре Бразил ќе го игра против Гана.
Тоа го потврди и селекторот на Бразил, за кого нема дилеми дека утре може да игра Нејмар, но уште поважно е дека фудбалерот има голем мотив на следните натпревари.
Оваа сезона, за разлика од досега, на Нејмар не му пречат повредите, а со тоа игра одлични партии во дресот на Пари Сен Жермен. Така, Нејмар во досегашниот дел од сезоната има постигнато единаесет гола на единаесет одиграни натпревари во сите натпреварувања. Покрај тоа, тој забележа и седум асистенции.
Тој има посебен мотив да игра на следните натпревари, бидејќи има можност да го собори рекордот на легендарниот Пеле и да стане најдобар стрелец во Бразил.
Имено, Нејмар е вториот најдобар стрелец на бразилската репрезентација со 74 постигнати голови, додека споменатиот Пеле постигна 77 гола и е најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација.
Нејмар во следните натпревари има шанса да се израмни, па дури и да го надмине Пеле и со тоа да стане рекордер, што би било навистина голема чест за него.
Бразил ќе одигра два пријателски натпревари, а за противници ќе ги има селекциите на Гана и Тунис кои и на тие средби ќе се обидат да постигнат добар резултат.