НЕЈМАР: Ако треба, ќе умрам за титулата од Лигата на шампионите

ПСЖ мора да постигне најмалку два гола ако сака да се пласира во финалето од Лигата на шампионите и со тоа да го повтори ланскиот успех.

Нејмар остана на само еден трофеј од елитното натпреварување, оној освоен во 2015 година со Барселона иако две години подоцна на кукавички начин ја напушти Каталонија и се пресели во ПСЖ, соборувајќи го притоа светскиот рекорд од 222 милиона долари. На „светците“ им претстои тешка задача бидејќи мораат да победат во Манчестер, но Нејмар е подготвен на борба до смрт.

„Ќе направам се што е возможно за да се пласираме во финалето дури и ако тоа значи дека треба да умрам на теренот“, изјави Нејмар пред вечерашниот натпревар.

ПСЖ одигра извонредно прво полувреме на домашен терен, но пропушти тогаш да го реши двомечот, па сега му претстои исклучително тешка задача.