Негативата е огромна: Вардар гостува кај Веспрем во ЛШ

Вардар 1961 денеска гостива во Унгарија, во реваншот против Веспрем, меч од кој веројатно за оваа сезона ќе се простат од европските настапи.

Разликата која Веспрем ја однесе од Скопје (+14) е преголема и преубедлива за било кој друг да се надева на пресврт.

Вардар покажа многупати овие години дека знаат да бидат опасни кога некој ќе ги потцени, но сега составот на Вардар за разлика од претходно е далеку поскромен, а со тоа и некои шанси за пресврт.

Тренерот на „црвено-црните“ е свесен дека шансите им се микроскопски за некое лудо сценарио со пресврт, но одат на ова гостување со цел да се натпреваруваат со силниот Веспрем, кој на гостувањето во Скопје покажа всушност колку е Вардар сезонава послаб од претходно.

Натпреварот се игра од 18:45  часот.