Недановски: Покажавме што можеме против Нексе – Еурофарм Пелистер тоа го нема

Мечот Вардар – Еурофарм Пелистер е закажан за утре (недела) во 20 часот во СЦ „Билјани Извори” во Охрид. Вардар влегува во мечот како актуелен првак на Македонија и освојувач на Купот. Еурофарм Пелистер игра како финалист на Купот на Македонија.

Вардар е единствениот тим во Македонија што учествувал на сите досегашни четири мечеви од Супер купот. Од четири настапи имаме три победи, а утре (недела) повторно ќе играме за трофејот, овојпат против Еурофарм Пелистер. Тоа ќе биде реприза на ланскиот меч.

„Црвено-црните” уште денеска отпатуваа за Охрид каде вечерва ќе имаат тренинг, а утре ќе се игра натпреварот. За Охрид отпатуваа сите ракометари што тренерот Владо Недановски ги има на располагање сезонава.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Вардар и Еурофарм Пелистер. Тоа се тимовите најсериозни кандидати за домашните трофеи сезонава.

„Имавме можност да ги гледаме на повеќе натпревари како играат, иако тоа не значи дека така ќе играат и на Супер купот. Знаме дека Еурофарм Пелистер е добар тим со повеќе играчи и повеќе ротации. Тоа и го прави нивниот тренер, а ние тој луксуз го немаме сезонава, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Нашиот тим со висок триумф ја почнаа сезоната во Супер лигата, победа на гости во Неготино над новиот суперлигаш Вардар Неготино. Претходно по изведување на пенали не успеаја да стигнат на завршниот турнир на СЕХА лигата.

„Имаме ние свои квалитети. Тоа го покажавме со Нексе. Таа е една од подобрите екипи. Издржавме тркачки на целиот натпревар. Тоа го нема Еурофарм Пелистер. Физички сме подготвени да издржиме цел таков натпревар. Па и тактички сме подготвени. Знаеме што не очекува, вели Недановски.

Ова е почеток на сезоната и секој тим ја темпира формата за најважните натпревари, но и секој освоен трофеј значи и мотив плус.

„Секако дека формата не може да биде на највисоко ниво. Сите темпираат таа да биде на најважните дуели, а тие следуваат во понатамошниот дел од сезоната. Предност ќе биде што Еурофарм Пелистер имаа повеќе одиграни натпревари. Може да се видат добрите и лоши работи, смета Недановски.