Не за војната, ДА за мирот! Како руската тенисерка и помогна на колешката од Украина

Руската тенисерка Дариа Касаткина го воодушеви светот со нејзиниот гест кон колешката од Украина.

Веќе со месеци трае вооружената агресија на руските сили на територијата во Украина, а војната го подели светот во мислењата кој е исправен, а кој не.

Но очигледно дека спортистите не сакаат да бидат дел од приказна која ги разделува, а не обединува.

Таков е случајот со руската тенисерка Касаткина, која ја совлада колешката Анхелија Калинина со 2:1 во сетови (5:7, 6:3, 6:1), но нивната средба изгледаше малку поинаква од агресијата која е во тек.

Калинина се обиде да и помогне на колешката која падна на земја и го повреди зглобот. Таа веднаш дотрча до својата клупа, зеде кеса со лед и и пријде на противничката да и помогне.

Многу позитивни коментари видовме на таков гест, а Касаткина покажа дека без оглед на се, спортистите се луѓе кои не сакаат разединување и политика.