Не Скопје, туку Мелбурн е најзагаден град – затоа во опасност е тенисот

На неполна недела пред планираниот почеток на првиот Гренд слем во сезоната, Австралијан Опен, во опасност е доведено неговото одржување, поради огромните пожари што ја зафатија државата.

ПМ 10 честичките во овој момент во Мелбурн се движат меѓу 300 и 500 поради што овој град во моментов е најзагаден во светот. Тешко се дише, магла има постојано, а капак на се е големата жештина бидејќи температурите последните денови се над 40 степени Целзиусови.

Ждрепката за турнирот треба да се одржи в петок, засега нема најави за одложување или откажување.