Не се согласуваат сите во Австралија со одлуката на властите!

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ рано наутро повторно доби негативни вести, сега му се заканува и конечна депортација од Австралија.

Министерството за имиграција во Австралија уште еднаш одлучи да му ја поништи визата, тој останува на слобода, но сега во прашање е доведен неговиот настап на Австралија Опен.

Но таквата одлука не наиде на одобрување од сите, посебно кај дописникот на „Сиднеј Морнинг“, Метју Нот, кој меѓу останатото порача:

Повеќето Австралијци не сакаат да игра Ѓоковиќ во Мелбурн. Но начинот на кој се приказната напумпа е глобален срам за Австралија. Факт е дека на Хок му беа потребни четири дена да донесе нова одлука, откако претходно федералниот судија ја сруши неговата прва одлука за визата. Не сум сигурен дека донесоа исправна одлука“, тврди Нот.