Не се седи веќе во Лондон: Озил заминува во САД!?

Германскиот интернационалец Месут Озил се подготвува наскоро да го напушти Арсенал и својата кариера да ја продолжи во МЛС лигата.

Причина за тоа се проблемите што ги има со бандитите во Лондон, заедно со неговиот соиграч Сеад Колашинац. Пред крајот на јули двајцата претрпеа напад во британската престолнина и Босанецот спречи да дојде до поголем инцидент.

Заинтересиран за Озил е ДЦ Јунајтед чиј член во моментов е Вејн Руни. Тој во јануари ќе се врати во Англија, во екипата на Дерби каунти, па Озил треба да биде негова замена. За таа цел Германецот е подготвен да прифати намалување на платата која во Арсенал му изнесува 350 илјади фунти неделно. Најплатен играч во МЛС во моментов е Златан Ибрахимовиќ со 115 илјади фунти неделно.