Не се први на табелата и веќе бркаат нови трансфери: Двајца од Реал во Торино, еден би пристигнал бесплатно

Јувентус не ја почна сезоната во Серија А баш најдобро, па уште сега се размислува за следните засилувања на клубот од Торино.

По четири кола во италијанското првенство, Јувентус е на 5-та позиција со освоени 8 бодови, а лидер е Милан со максимални 12 бодови.

Првите информации од „чизмата“ кои доаѓаат од извори блиску до Јувентус, тврдат дека Андреа Пирло посакувал двајца фудбалери на „кралевите“.

Станува збор за Иско Аларкон и Марсело, за кого од поодамна се шпекулира дека сака да биде повторно соиграч со Кристијано Роналдо.

Старата дама според шпекулациите е подготвена да плати 40 милиони евра за Иско, додека со Марсело би поминале бесплатно, бидејки во јануари тој ќе го прекине договорот со Реал и би можел бесплатно да им се приклучи.

Останува да видиме дали ќе бидат вистинити овие шпекулации и дали со овие играчи евентуално Пирло ќе успее да ја врати дамата на тронот.