Не само што ќе игра во Ел Класико, туку Рамос се подготвува и за ЛШ

Иако се повреди на вчерашниот натпревар против Кадис, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не планира да отсуствува од фудбалските терени.

Марка денеска открива дека и покрај болките во левото колено, тој прави напори да настапи веќе на дуелот со Шахтјор, во првото коло од Лигата на шампионите, в среда. Вчерашната замена на полувреме повеќе беше мерка на претпазливост, отколку вистински проблем за Рамос, но далеку од тоа дека не постои опасност за пауза.

Зидан ќе ја следи неговата состојба и дополнително ќе одлучи дали ќе игра против Шахтјор кој е најслаб тим во групата со Интер и Менхенгладбах. Во овој момент, учеството на Рамос во Ел Класико воопшто не е доведено во прашање. Натпреварот на Камп Ноу на програмата е в сабота од 16 часот.