Не прокиснала салата – прокиснале сертификатите

Во пресрет на почетокот на одбојкарското финале во машка конкуренција  на Македонија, помеѓу Шутово од Кичево и Џио од Струмица се крена голема прашина.

Финалето требаше првично да започне денес со почеток од 19:00 часот во Кичево, но истото вчера беше одложено за понедленик, со изговор дека прокиснала салата.

Но се поставува голем знак прашалник околу оваа причина. Се чини проблемот лежи на друго место. А истиот е во сертификатите на интернационалците.

Имено според ФИВБ, сертификатите на двајца од тројцата интернационалци на Шутова истекле на 15 ти мај,  па доколку сакат да игра сега треба да платат дополнителна сума на пари која нималку не е ефтина. Во случај да настапт без сертификат се соочуват со казна од 15.000 до 20.000 долари.

Проблем се интернационалецот од Србија, Игор Суботиќ и Украинецот Станислав Азаров, што се гледа и во приложеното.

Останува да видиме дали овој проблем ќе биде решен до понеделник или пак Шутова ќе настапи без споменатиот двоец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Српската одбојкарка ги изненади сите – позираше потполно гола

Ваучер – ФИЈАСКО: Сите се незадоволни – прстите вперени во АМС

(ВИДЕО) Тоше Зафиров со вардарова песна и комитски знамиња до историско злато

(ФОТО) Атрактивната УФЦ шампионка победата ја прослави потполно гола

Одбојкарите со проверени сили ќе настапат на ЕП: Селекторот Матијашевиќ го објави списокот

(ФОТО) Малер за БК Вардар: Украдено брендираното возило – се нуди награда за пронаоѓање

Неприкосновени: Џио Струмица старо-нов шампион на Македонија!

Шокантно видео: Како му „прсна“ ногата по дигањето на 250 килограми

Ова го може само во Македонија: Од бизарни причини одложен првио финален меч во одбојка