Не може без проблеми во ЛШ: Прекинат мечот Олимпијакос – Баерн Минхен

Натпреварот од младинската лига на шампиони помеѓу Олимпијакос и Баерн Минхен не заврши до крај според планираното.

Имено во 84. минута кога се случи инцидентна ситуација, Баварците веќе водеа со 0:4, а незадоволни грчки хулигани влетаа на терен и го прекинаа мечот.

Натпреварот не беше завршен до закажаните 90 минути.