Не ја ни шутнаа топката, а веќе ги чека строга казна: Њукасл ги прекрши правилата на УЕФА

Њукасл е екипа која многу, многу долго чекаше да игра во Лигата на шампионите, а по феноменалната минатата сезона, вечерва ќе ги одмери силите против Милан на гостински терен. И покрај тоа што се уште немаат ни шутнато топка во ова натпреварување, Њукасл се соочува со голема казна од УЕФА поради кршење на правилата во Лигата на шампионите.

Имено, тимот предводен од клупата од Еди Хау се наоѓал во авион кој летал над Франција во моментот кога била закажана нивната официјална прес-конференција на Сан Сиро.

Нивниот лет доцнел цели два часа и петнаесет минути и токму тоа е причината што доцнеле на прес-конференцијата.Поради тоа што доцнеа, УЕФА дури им забрани да тренираат на Сан Сиро, иако тоа е обичај ден пред натпреварот.

Од УЕФА се лути во Њукасл бидејќи го прекршиле членот 73 од нивниот закон и немале време да одржат прес-конференција.УЕФА мораше да биде информирана за ситуацијата за навреме да ги преземе вистинските чекори, но комуникација со Њукасл немаше.

Шансата Њукасл да се извлече од казната е многу мала, а најголемата причина е што Лигата на шампионите за оваа сезона практично не е ни започната и веќе се појавуваат проблеми.

Тоа воопшто не им се допадна на луѓето во УЕФА, па останува да видиме каква ќе биде нивната реакција. Причината поради која доцни летот на фудбалерите на Њукасл за Милан е обилниот дожд, но и невремето.