Не им треба поголем дебакл на островјаните од ова: Во ист ранг како и Сан Марино

Статистиката не мора секогаш да биде мерило, но може да биде добар показател за некои работи со правецот во кои се движат.

Репрезентацијата на Англија последните години направи голем исчекор на меѓународна сцена. Дојдоа до полуфинале на СП 2018 година, а потоа и до финалето на ЕП 2020 година.

Меѓутоа, потфрлија во Лигата на нации, тоа е најмалку важно натпреварување, но никој на Островот не очекуваше дека англиските фудбалери на коло пред крајот во групата ќе бидат заковани за дното на табелата и веќе сега знаат дека се селат во втората дивизија.

Селекторот Саутгејт истакна дека и покрај лошите резултати, тимот се движи во вистинска насока, но статистиката открива дека тие имаат поразителни резултати.

Англија на досегашните пет натпревари во Лигата на нации, немаат постигнато гол од игра. Во таа категорија најлоши во Европа се само Сан Марино.

Вистина, Англија даде еден гол, но од пенал, на натпреварот со Германија.