Не го сака Новак, но му честиташе роденден на српски и изнесе неверојатен податок

Еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, Бен Ротенберг упати специјална честитка за роденденот на српскиот тенисер.

Ѓоковиќ во неделата наполни 35 години, а Ротенберг на Твитер напиша:

„Новак Ѓоковиќ денеска полни 35 години (среќен роденден). Остануваат уште само четири Грен слем титули освоени од мажи родени по него“.

Тенисерите кои се помлади од Новак, а имаат освоено барем една грен слем титула се Данил Медведев, Доминик Тим, Хуан Мартин дел Потро и Марин Чилиќ.

Да потсетиме, Новак првиот меч на Ролан Гарос го игра во понеделник, а ривал ќе му биде Јошихито Нишиока.