Не го очекувавме тоа од Обрадовиќ

Заминувањето на Жељко Обрадовиќ дојде како изненадување, посебно за кошаркарите на клубот од Истанбул.

Српскиот тренер не сакал да ја продолжи соработката со Фенербахче, па од клубот морале да се согласат на тоа, а останува мистерија дали Обрадовиќ сака една сезона одмор или евентуално има тешка понуда од друг клуб од следната сезона.

Дефинитивно таквата одлука не ја очекувавме. Сепак, мора да го почитуваме неговиот избор. Му благодариме на тренерот за се, и да му посакаме да ужива во слободното време. Се надевам дека ќе се врати бргу“, порача Де Коло на Твитер, со натпис „легенда“ за Обрадовиќ.

Обрадовиќ е најтрофеен европски тренер на сите времиња, но по седум години љубов со жолтите од Турција, реши да замине.