Не ги сакаше, па ги растури: Зошто Гвардиола го одби Челси во 2015?

Пеп Гвардиола ќе остане запаметен како менаџер кој му го нанел најтешкиот пораз на Челси во Премиер лигата во неговата понова историја.

А, малкумина знаат дека откако го избркаа Жозе Мурињо, „сините“ го бараа токму Гвардиола на клупата на тимот. Дејли меил открива дека имало контакт во декември 2015 година, веднаш штом Португалецот доби отказ. Гвардиола тогаш беше тренер на Баерн, а два месеца подоцна се договори со Сити.

„Пеп Гвардиола беше контактиран за менаџерската позиција во Челси. Но, тој при преговорите им рекол дека на Челси му требаат најмалку десет нови фудбалери што за раководството на клубот беше несфатливо и неприфатливо. И двете страни биле исплашени од меѓусебна соработка: Гвардиола бидејќи не бил задоволен од составот, а Челси затоа што требало да потроши половина милијарда евра на засилувања“, пишува Дејли меил.

Но, од оваа перспектива излегува дека Шпанецот бил во право иако во 2017 година Челси ја освои шампионската титула во Премиер лигата со Конте. Во моментов лондонскиот тим е надвор од зоната што води во Лигата на шампионите, во Лигата Европа игра оваа сезона, а повторно ќе мора да врши реконструкција на тимот затоа што носителите на играта се длабоко навлезени во четвртата деценија од животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се одмотува клопчето: Погба побарал да почне преговори со Реал

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!