Не е тој Надал од пред неколку години: Мислев дека нема да играм повеќе тенис, но сега..

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нагласи дека се надева на сценарио во кое ќе се види наскоро на тениските тереи.

Во последното интервју за Мундо Депортиво, легендата на „белиот спорт“ потенцира дека верува во себе и неговиот силен кам-бек. Неговата цел е да ја одигра 2024 година на високо ниво и конечно да замине во пензија.

Пред извесен период и немав така голема самодоверба, но како одминува времето, верувам дека ќе се вратам и ќе можам да одиграм неколку големи турнири“, порача Надал.

Откако се повреди пред 5-6 месеци и не настапи на својот омилен турнир, Ролан Гарос, тој замина на операција по која се уште се опоравува.

Тој меѓу редови во интервјуто, даде да се насети дека не верува дека ќе го стигне Новак Ѓоковиќ во освоените гренд слем титули ( -2 ).