Не е се во парите: Тајсон одбил 18 милиони долари за борба

Некогашниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон одбил 18 милиони долари за спектакуларна борба, тврди шпанскиот весник Марка.

Се работи за борба со познатиот бразилски борец Вандерлеј Силва кој учествува во ММА. Условот бил двајцата да се борат голораки затоа што организатор била организацијата Bare Knuckle Fighting Championship.

Тајсон има 53 години, но уште е во фантастична физичка кондиција поради што беше најавено дека ќе се врати во рингот.