Не е само суспензијата: Диего Коста има нов голем проблем

По суспензијата која му беше изречена од страна на шпанската фудбалска федерација, поради лошиот однос кон судијата на мечот против Барселона, сега пред Диего Коста постои друг, поголем проблем.

Како што пренесуваат денеска медиумите од Шпанија, Диего Коста сега е обвинет за прикривање данот во висина од 1.1 милион евра, сума со која ја оштетил државата.

Дневниот весник Ел Мундо Депортиво исто така објави за оваа информација, но истакнаа дека се уште нема официјална истрага, но дека набрзо ќе се случи и доколку се најде вина кај Коста, тоа ќе биде сериозен проблем за фудбалерот на Атлетико.

Веста дојде само една недела подоцна откако му беше изречена суспензијата од 8 натпревари неиграње поради навреди кон судијата Манзано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар