Не е само наградата: Модриќ ќе добие и голем бонус од Најк за Златната топка

Лука Модриќ не е само освојувач на Златната топка, туку за тоа ќе добие и награда од својот спонзор Најк.

Специјално за признанието, американската компанија пуштила во продажба 1.500 чиуфта специјално изработени копачки Голден Тач Меркуриал 360 од чија продажба, парите ќе одат на сметка на Модриќ, а покрај тоа ќе добие и 800 илјади евра.

Фудбалерот на Реал стана прв Хрват со Златната топка и воопшто прв фудбалер од поранешна Југославија кој успеал да го освои најблескавото индивидуално признание.