Не е само до формата: Бејл за шест години не направи една работа за да се адаптира на Реал

Герет Бејл се пресели во Реал Мадрид во 2013 година и оттогаш „кралскиот клуб“ освои четири титули во Лигата на шампионите.

Сепак, ниеднаш во овој период не ги освои срцата на навивачите, неговите игри беа променливи, а тој не се промовира во лидер на екипата и покрај тоа што уште е најскап во историјата на клубот со 100 милиони евра отштета. Марсело открива дека и по шест години во Мадрид, велшкиот репрезентативец уште не го научил шпанскиот јазик, зборува само на англиски и тоа му создава проблеми при комуникацијата со соиграчите.

„Осамен сум во соблекувалната на Реал по заминувањето на моите добри другари Роналдо и Кико Касиља. Бејл не ни зборува шпански, со него сме само на ‘здраво’ и ‘добро вино’“, открива Марсело.

Поради тоа што не го знае јазикот, Бејл не се ни дружи многу со соиграчите, ретко излегува низ Мадрид и најчесто е со своето семејство.