Не е само бројот на дресот проблем: Влаховиќ ќе има тешко бреме во Јувентус

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е тема на денот во италијанскиот фудбал откако денеска официјално стана играч на Јувентус.

Сите се изненадија кога на промоцијата го видоа со бројот 7, кој последен го носеше Кристијано Роналдо, но Влаховиќ со тоа потврди дека е подготвен за предизвикот што го очекува. Освен тоа, досегашниот фудбалер на Фиорентина со 75 милиони евра е четврти најскап фудбалер во историјата на торинскиот клуб.

Прв е токму Роналдо со 117 милиони евра, зад него се Гонсало Игуаин со 90 милиони и Матијс де Лихт со 85 милиони. Траснферот на Влаховиќ е втор најскап во италијанскиот фудбал кога станува збор за зимскиот преоден рок. Пред него е само Игуаин со спомнатите 90 милиони.