Не е корона вирусот: Откриени причините за смртта на фудбалерот на Атлетико

Во екот на борбата против корона вирусот, се појави веста за смртта на младиот фудбалер на Атлетико, Кристијан Минчола.

Клубот не објави која е причината за загубата на 14-годишниот играч, но тоа го направи ЕСПН. Наводно, младиот Перуанец боледувал од неодреден вид на рак, докторите не успеале точно да го дијагностицираат и тој починал.

Атлетико денеска ги спушти сите знамиња на половина копје, се огласија претседателот на клубот и тренерот Диего Симеоне.