Ндомбеле бира – Баерн, Интер и Барса со интерес за играчот на Тотенхем

Не е само Интер заинтересиран за скапоценото промашување на Тотенхем во ликот на Танги Ндомбеле. За потсетување, Антонио Конте со задоволство сака да го види во своите редови францускиот репрезентативец, дури се споменува и трампа со „Нероазурите“ во која би бил вклучен Милан Шкринијар, меѓутоа не е тоа единствената опција за играчот платен 60.000.000 евра минатото лето.

Ндомбеле зад себе има ужасна сезона. Само 12 пати се најде во стартниот состав во премиерлигашките мечеви, а сето тоа се шпекулира и дека нема добар однос со Жозе Мурињо. Тотенхем засега ја отфрла можноста да го продаде 23-годишниот играч за врска. Разбирливо, нема ни најмали шанси Спарси да ги вратат вложените пари, а покрај тоа ќе треба да се пуштат во потрага по нов играч за врска, што би значело уште трошоци.

Но, се прашува нешто и самиот играч. Ндомбеле не би имал проблем да остане доколку Мурињо му гарантира минутажа. Тоа, сепак, нема да се случи и поради тоа се повеќе се шпекулира кои се тимовите кои му гарантираат минутажа на Французинот, а со самото тоа и шанса да се најде на ЕУРО следната година.

Наводно, покрај Интер, во игра се и Барселона и Баерн. Дел од медиумите дури јавуваат дека овие два клуба неколку недели одржуваат редовни контакти со агентите на Ндомбеле. Баерн во целата приказна е мошне интересна опција. Баварците ги напушта Тијаго Алкантара, меѓутоа Ндомбеле не е таков тип на играч, па ќе биде интересно да се види што тоа Румениге и Салихамиџиќ планираат.