НБА нема толеранција за насилниците: Дрејмонд Грин си заработи суспензија

Дисциплинската комисија при НБА, донесе одлука за Дрејмонд Грен, кој ќе биде казнет поради неспортското однесување на мечот Голден Стејт – Минесота Тимберволвс.

Според одлуката, на него поради инцидентот со играчот Руди Гобер, кого го фати за врат, изречена му е суспензија, односно „ладење“ на пет натпревари и тој тие ќе мора да ги одработи.

Одлуката за суспензија ја соопшти Џо Думарс, извршниот потпретседател на НБА, нагласувајки дека должината на суспензијата донекаде е втемелена на претходни неспортски постапки од истиот играч.

Инцидентот кој придонесе за оваа казна, се случи во втората минута од натпреварот, резултирајк исо исклучување на Грин, неговиот соиграч Клеј Томпсон и играчот на Минесота Џејден Мекданиелс.

Натпреварот на крајот го доби Минесота Тимберволвс со резултат 104:101.