Навреди го Џордан и леташ од клубот експресно!

Некогашниот НБА играч Ричард Хамилтон, открива дека Мајкл Џордан бил толку голема величина од играч, што можел да го трејдува било кој соиграч доколку го навреди.

Хамилтон беше соиграч на Џордан од времето кога настапуваа во Вашингтон Визардс, а во поткастот „All the Smoke“, е откриено дека Џордан успеал да трејдува соиграч, само затоа што бил навреден на тренинг.

Ларон Профит и јас редовно влегувавме во конфликт со Џордан. Тој знаеше да му изнакаже се на Џордан, но јас тоа не сакав да го правам, не сакав толку многу да војувам со Мајкл. На еден од тренинзите Проф погоди шут преку Џордан и додека тој трчаше назад во одбрана, ми рече: Не можеш да ме маркираш со тие стари колена, јас веднаш помислив, а јас веднаш реагирав, еј чекај, не можеш да му кажеш такво нешто на човек кој сите го сметаат дека е „GOAT“.

„Џордан откачи на тие зборови. Тој беше претседател на клубот тогаш, а подоцна Ем Џеј ми рече на состанокот: Рип (Хамилтон), ти си добар дечко, но другарот твој Проф, тој е готов. Тој заминува од овде, а ти ќе останеш сам“, открива Ричард Рип Хамилтон.