Судејќи според најновите фотографии и видеа, фудбалот во моментов му е во втор план за Бразилецот Нејмар. Еден од најдобрите светски фудбалери веќе неколку месеци одмора по повредата на коленото и за тоа време очигледно добил значителен број килограми.
Минатиот викенд Нејмар се појавил на роденденската забава на легендарниот Ромарио каде што со својот изглед шокирал многумина. На прв поглед изгледа дека Нејмар достигнал „стотка“ на што реагираа и навивачите кои го исмеваат неговиот изглед.
„Нејмар напорно тренира во кујната“; „Зошто Нејмар се дебелее“; „Нејмар прави се’ за да го достигне Роналдо“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Уште во времето кога играше за ПСЖ, Нејмар на тренинзите се појавуваше со некој килограм вишок, но за сериозен спортист, ова ги надминува сите граници.
Едно е сигурно, ова дефинитивно нема да им се допадне на сопствениците на неговиот нов клуб, Ал Хилал.
Бразилецот лани есента ги скина вкрстените лигаменти и ќе паузира неколку месеци.
You know you’re getting old when you see freaking Neymar already living the Brazilian pre-retirement good life…pic.twitter.com/oPOu8032xZ
— Complaxes (@Complaxes) January 28, 2024