Навивачите на Челзи и Арсенал започнаа петиција за бојкот на финалето од Лигата на Европа

Фудбалерите на Челзи и Арсенал за дочно седум дена ќе се соочат во големото финале од Лигата на Европа, а мечот е се одигра во Баку, главниот град на Азербејџан.

Иако постоеше можност Хенрик Мхитарјан да заигра во финалето и покрај тоа што релациите помеѓу Ерменија и Азербејџан не се најдобри, тоа сепак нема да се случи.

Овие две земји се во мошне лоши односи поради спорот околу регијата Нагорно-Карабах. На државјаните на Ерменија им е забранет влез во Азербејџан, но можно е да дојде до исклучоци ако тоа го одобри владата на оваа земја.

Мхитарјан во групната фаза го пропушти натпреварот токму во Баку против Карабах бидејќи не смееше да патува во оваа земја каде веројатно ќе беше уапсен.

Арсенал овој пат одлучи во целата ситуација да ја вклучи УЕФА и да обезбеди сигурен влез и престој на својот играч во Баку, но не успеаја. Лондонскиот клуб вчера соопшти дека Мхитарјан сепак нема да патува во Азербејџан.

Поради оваа одлука навивачите на тимот од „Емирати“ не го криеја незадоволството, кое со нив го делат и навивачите на Челзи, поради нерамноправна распределба на картите за споменатото финале.

Освен што за Англичаните ова финале е оддалечено илјадници километри, навивачите на двете екипи ќе добијат само 10 проценти од вкупниот капацитет на стадионот, додека остатокот ќе го добијат неутралните навивачи, како бројни спонзори на УЕФА.

Поради наведените причини на интернет се појави анкета преку која навивачите на лондонските екипи повикуваат на бојкот на финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Играчот на Челзи имал непријатна епизода: Менаџерот ме крадеше, сакав да се откажам од фудбалот

Пресврт во Париз, Нејмар ги изнел своите барања до ПСЖ

Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Дали ќе биде тренер на Јувентус? Па Челси го нема уште ослободено од договорот

На свадбата на Рамос денеска, освен Роналдо, не беше присутно уште едно големо име

Гулит за проблемот на Милан последните неколку сезони

Имаше одлична сезона во Арсенал – но сака да си замине поради својата девојка

Откриено колку цигари на ден пуши Сари

(ВИДЕО) Ѕвездата на Јувентус се снимаше со гола жена во кревет !?