Навивачите на Барса ја нападнаа својата ѕвезда: Ти си виновен што Меси си оди!

Заминувањето на Лионел Меси предизвика општ хаос во Барселона, Каталонија и Шпанија.

Навивачите никако не можат да прифатат дека Меси си заминува после се, но клубот ден претходно соопшти дека Аргентинецот е подготвен за нови предизвици и дека веќе нема да го носат каталонскиот дрес.

Остатокот од екипата утринава пристигна на тренинг. Меѓу оние кои навивачите ги „пречекаа“ беше Антоан Гризман, кого го сметаат за еден од виновниците што Меси мораше да си оди.

„Ти си виновен што Меси си заминува, ти си тој што треба да си одиш“, викаа навивачите на Барса пред тренинг центарот по доаѓањето на францускиот напаѓач.

И некои други играчи беа на мета на навивачите, кои сметаат дека заминувањето на Меси ќе биде ненадоместлив.

Инаку, Гризман претходно требаше да се пресели во Атлетико, Барселона планираше да го ослободи буџетот со заминувањето на Французинот, но на крајот тоа не се случи.

Сега е помалку важно кој е виновен, со оглед на тоа дека Барса останува без играчот кој и донесе 34 трофеи во изминатите две децении и го подигна клубот на едно многу повисоко ниво во резултатска и маркетиншка смисла.