Навивачите на Аталанта со порака: Тука веќе нема место за фудбал

Најжестоките навивачи на Аталанта упатија отворено писмо до претседателот на клубот Антонио Пекраси во кој се бара од клубот да се откаже од сите натпреварувања оваа сезона, поради, како што велат историскиот масакр во градот кој заслужува единствена и историска одлука.

Бергамо доживеа огромна трагедија поради коронавирусот, па фудбалот и спортот едноставно не можат да бидат во прв план, дури ни кога ова зло ќе помине.

„Бергамо и луѓето од овој град стојат пред нашиот клуб. Во така трагичен момент за градот, кој најмногу е погоден од коронавирусот, нема место за фудбал. Мислиме дека за Аталанта ова првенство е завршено. Тоа можеби не е изводливо, но мислиме дека нашата Аталанта треба да биде пример за сите во оваа војна, без оглед на тоа што ќе одлучат фудбалските лидери. Замислете само колку навивачи на Аталанта ги однесе овој проклет вирус. Учеството на Аталанта би значело непочитување на оние кои го дадоа животот за Бергамо. За враќањето на Аталанта има време и еден ден ќе го освоиме Скудетото, но сега веќе не постои смисла“, стои во пораката потпишана од еден од лидерите на навивачите.

Бергамо е жариште на епидемијата во цела Ломбардија, која претрпе најголеми загуби од почетокот на пандемијата.