Навивачите изненадени од изгледот на некогашниот фудбалер на Сити

Неодамна пензионираниот француски фудбалер, Самир Насри (34), ќе остане запаметен како ас кој не го оствари до крај својот талент.

Офанзивниот фудбалер кој настапуваше за Олимпик Марсеј, Арсенал, Сити, Севилја, Анталија, Вест Хем и Андерлехт, беше без клуб од летото 2020 година, па реши да се повлече официјално.

Хуманитарен меч беше одржан помеѓу ветераните на Олимпик и екипите кои настапуваат под опрема на УНИЦЕФ, Насри за волја на вистината успеа да прибере голем број ѕвезди, кои одиграа натпревар.

Шокантно за фудбалските вљубеници е тоа како изгледа во моментов Самир Насри, запуштен и драматично со зголемена килажа, сосема поинаков Насри од пред неколку години.