Навивачи на Паок направија тензија во центарот на Скопје – инцидентот го регистрира полицијата

Попладнево се случил помал инцидент непосредно во центарот на Скопје, а тој инцидент бил предизвикан од навивач на грчкиот клуб Паок.

Имено, ракометниот женски тим на Паок, денес гостува во Скопје, каде одиграа меч во рамки на квалификациите за место во Европскиот куп на ЕХФ.

Но со тимот како поддршка од соседна Грција, пристигнала и помала група навивачи од Солун, кои дошле да навиваат.

Тие во близина на центарот во Скопје, според најновите информации, нападнале вербално навивач на Вардар, а се ескалирало откако грчките навивачи не сакале да платат неколку шишиња вода кои ги купиле од одредена продавница.

Тоа било пријавено и полиција веднаш се појавила на местото на настанот.