Наумче Мојсовски и официјално стана прв човек на АМС

Легендарниот ракометен репрезентативец на Македонија Наумче Мојсовски од денеска и официјално е директор на Агенцијата за Млади и Спорт. Одамна се шпекулираше дека поранешниот ракометар ќе застане на оваа позиција, но се исчекуваше политичко решение помеѓу коалиционите партнери во владата. На крајот, оваа одлука беше донесена на денешната седница на Владата со што Мојсовски застанува на чело на неофицијалното министерство за млади и спорт во нашата земја.

„ Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојовски, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, стои во одлуката на Владата.

Мојсовски на оваа функција ќе го замени Дарко Каевски кој во следните четири години директорското столче во АМС ќе го замени со она во Собранието. Инаку, Наумче Мојсовски беше претседател на комисијата за спорт на СДСМ.