Наумче Мојсоски позитивен на Ковид19: Испрати апел до сите во Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски преку социјалните мрежи потврди денеска дека е позитивен на коронавирусот.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, со оваа прилика, апелираше до сите во Македонија да се однесуваат одговорно, да нема групирање и да бидат безбедни по своето здравје.

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид–19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор“.

„Мојот апел до вас е да направите се за да го заштитите здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, порача Наумче Мојсоски.